Глумицата Џеки Сталоне, мајка на Силвестер Сталоне, почина на 98 години. Веста за нејзината смрт ја потврдиле блиски пријатели на семејството, но деталите не се познати.
Џеки е родена како Жаклин Френсис во Вашингтон, а на 15 години избегала од дома. Била опседната со вежбање и кревање тегови, а кога пораснала отворила вежбалница наменета за жени.
Таа била една од творците на телевизиското шоу GLOW, The Gorgeous Girls of Wrestling, кое се прикажуваше во ’80-тите години. Таа не се откажала од вежбањето ни пред својата смрт и на социјалните мрежи често објавувала видеоснимки од вежби.
Нејзина најголема страст била астрологијата, а на оваа тема има напишано и книга која е објавена во 1989 години и која влегла во училишна литература.
Желбата да изгледа што е можно помладо го уништи нејзиниот изглед. Таа имаше бројните пластични операции, а во едно интервју и самата призна дека изгледа лошо поради сите направени корекции.
„Се чувствувам како верверичка со уста почна лешници. И натаму ги користам сите можни средства за да изгледам што е можно подобро, но ми се чини дека постигнувам спротивен ефект. Премногу пати бев на вбризгување филер и затоа сега изгледам како верверичка“, рекла Џеки.
Самата се нарекувала Мама Рамбо, Мама Сталоне и Мама Роки и на тој начин им одавала почит на улогите на својот син, кого го обожавала.