Почина малата Јана

Малата Јана ја загуби тешката битка со болеста. Јана беше родена во Велес на 25.07.2015 година на 1 годишна возраст и беше дијагностицирано AML (акутна мијелоидна леукемија).

Таа на клиниката за детска онкологија во Скопје по примена хемо терапија на почетокот ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул.

„31.03.2018 Денот кога на твојата агонија и страдања им дојде крај, а нашата стана уште поголема. Денот што ќе го мразам додека сум жив. Денот кога престана да чука едно малечко срце со желба за живот кој му беше ускратен од една опака болест. Денот кога ми останаа милион прашања не одговорени, што имаше ти толку згрешено во твојот краток престој во овој суров свет па да бидеш волку неправедно казнета? Ти душо моја која беше полна живот но освен болници друго ништо не виде“ напиша на својот Фејсбук таткото на малата Јана.

Девојчето за кое цела Македонија се сплоти не е повеќе меѓу нас.

 

Scroll to Top