Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

На 84-годишна возраст почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна, објави Си-ен-ен. Веста за нејзината смрт ја потврди и персоналот на групата „Олбрајт стоунбриџ“, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.

Таа ја презема функцијата на 64. државен секретар на САД на 23 јануари 1997 година, со што стана првата жена државен секретар на САД и највисоко рангирана жена во историјата на американската влада. Но, бидејќи не беше родена во САД, немаше право да се кандидира за американски претседател и беше исклучена од нуклеарните планови за непредвидени ситуации.

За време на својата фуккција како државен секретар, Олбрајт ги зајакна САД и сојузниците; се бореше за демократијата и човековите права и ги промовира американските трговија и бизнис, труд и стандарди за животната средина во странство. Но, исто така значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток, со што го навлече гневот на голем број Срби во поранешна Југославија за нејзината улога во учествувањето во формулирањето на политиката на САД за време на војната во Косово и војната во Босна, како и на остатокот од Балканот.

Сепак, заедно со претседателот Бил Клинтон остана главна популарна фигура во остатокот од регионот, особено во Босна и Херцеговина, Косово и во Хрватска.

Scroll to Top