Почина најмладиот брат на Доналд Трамп

Најмладиот брат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Роберт Трамп, почина изминатата ноќ во Њујорк на 71. годишна возраст. Тој претходно беше хоспитализиран во една болница во Њујорк, а Доналд го посети во петокот откако од Белата куќа соопштија дека сериозно се разболел.

„Со тешко срце сакам да споделам со вас дека мојот брат Роберт, почина вечерва мирно. Тој не беше само мој брат, ми беше најдобриот пријател. Многу ќе ми недостига, но повторно ќе се сретнеме. Сеќавањето на него засекогаш ќе живее во моето срце. Роберт те сакам. Почивај во мир“, напиша Доналд Трамп во соопштението.

Роберт Стјуарт Трамп е роден во 1948 година во Њујорк, како најмлад од петте децата на Фред Трамп

 

 

Scroll to Top