Почина новинарот Мирослав Лазански

Српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански почина ненадејно на 71-годишна возраст од срцев удар. Тој починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што неофицијално дознава Новости.

Лазански пишуваше за загрепските весници Полет, Вјесник, Данас и Старт, а во февруари 1991 година се преселил во Белград и почнал да пишува за дневниот весник Политика.

Пишувал и за Политика експрес, НИН, Вечерње новости, загрепски Старт, Катимерини, Дајмонд викли и Секјуритаријан. Имал напишано десет книги и е автор на десетина телевизиски серијали.

Лазански беше познат по неговите известувања од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.

Има направено интервју со двајца врвни команданти на НАТО, тројца маршали на СССР, шефови на КГБ, на КХАД, педесетина министри за одбрана и началници на генералштабовите на светските армии, вклучувајќи ги и началниците на генералштабовите на Руската Федерација, кинеската и јапонската војска.

Тој беше единствениот новинар од Југославија што имал пловено во нуклеарната подморница, американскиот Таутог, летал со авионот Ф-14, бил на носачот на авиони Џон Ф. Кенеди, а има летано и со МиГ-29.

Воениот рок го отслужил во 1977 година во Битола во 41-та пешадиска дивизија на ЈНА. Тој беше награден со Медал за воени заслуги.

Scroll to Top