Почина руска пејачка, телото е пронајдено близу нејзината куќа

Руската пејачка Натела Ас, од познатиот бенд „Восток“, почина во Москва на 48 години. Нејзиното тело е пронајдено во близина на куќата каде што живеела. Според риуските медиуми, минувач го забележал телото, повикал полиција, а тие утврдиле дека станува збор за познатата пејачка, бидејќи со себе имала документи, клучеви и мобилен телефон.

Полицијата соопштила дека нема знаци на насилна смрт, борба или  што било што би укажувало дека е влечена до местото каде што е најдено телото. Натела, наводно, можела и да падне од пожарните скали, кои се многу високи.

Натела Ас, освен со пеење, се занимавала и со моделинг, имала епизодни улоги во филмови и серии, а најголема популарност стекнала во ’90-тите, кога била пејачка била дел од популарниот бенд.

Scroll to Top