Почина Самнер Редстоун, милијардерот што се фалеше дека ќе живее вечно

Американскиот медиумски магнат Самнер Редстоун, кој беше сопственик на Си-би-ес и „Вијаком“, почина на 97 години, соопшти семејството. Освен по деловниот успех, Редстоун во јавноста беше познат и како милијардерот што се фалеше дека ќе живее вечно. Тој честопати знаеше да каже дека сите ќе умрат, но тој никогаш.

Самнер бил претседател на Управниот одбор на Си-би-ес и „Вијаком“ до 2016 година кога поради нарушено здравје се повлекол од позицијата. Потоа, неговото семејство, кое е мнозински сопственик на акциите, се грижело за управувањето на компаниите.

Тие две компании кон крајот на 2019 година станаа дел од друштвото што управува со телевизиските мрежи Си-би-ес, Ем-ти-ви, „Комеди централ“, „Никелодион“ и „Шоутајм“ и со познатите филмски студија „Парамонт“ и „Мирамакс“.

Компанијата со приходите може да се спореди со најголемите американски телевизиски и филмски компании во светот.

Медиумскиот магнат е роден како Самнер Мареј Ротстеин во Бостон 1923 година. Неговото презиме со еврејско потекло го сменил во 1940 година во Редстоун. Дипломирал на „Харвард“ и бил член на разузнавачката служба на американската армија во Втората светска војна.

Во 1954 година се вработил во фирмата што ја основал татко му, која го сменила своето име во „Нешнл амјузментс“ и се претворила во еден од најголемите оператори во Соединетите Американски Држави, што исто така придонело за популаризација на мултиплекскината.

Кога преживеал страшен пожар, во 1980 и 1990 години водел битки за да ја преземе контролата над двете филмски студија што ги поседувал до смртта.

Самнер Редстоун двапати се венчал и има две деца.

Scroll to Top