Почна летното сметање на времето

Од денеска почна летното сметање на времето во Европа. Стрелките на часовникот се поместуваат за еден час понапред. Во 2 часот утрово, часовниците се поместија за еден час, на 3 часот.

Парламентот на ЕУ изминатото лето гласаше за укинување на летното и зимското сметање на времето, процес кој треба да почне од 2021 година. Оние влади кои што планираат трајно да останат во летно сметање на времето, стрелките на своите часовници ќе треба да ги помесат во последната недела во март 2021 година.

Оние што ќе сакаат да останат во зимското сметање на времето, стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат во последната недела од октомври 2021 година.

 

Scroll to Top