Популарната серија „Каса де папел“ почна да се снима по пауза од шест месеци. Петтата сезона на серијата требаше да се сними на почетокот на годината и веќе да биде завршена, но пандемијата на коронавирусот го одложи снимањето, пишува Elle Espana.
Сега кога конечно попуштија мерките во Шпанија, продуцентите одлучија дека е безбедно да се продолжи со работа и деновиве се направени првите снимки.
Еден од главните ликови, Алваро Морте, кој го глуми Ел Професор, сподели фотографија на „Инстаграм“ на која е со маска, според пропишаните мерки. „Се вратив, професорот се врати“, напиша тој.