Американската морнарица објави уште една видео снимка која што потврдува дека рускиот ловец му се приближил на американскиот партолен авион на околу 1,5 метри оддалеченост над Црното море.
Од Вашингтон се пожалија на опасното пресретнување на рускиот воен ловец Су-27 кој што над Црното море, во меѓународен воздушен простор, му се приближил на американскиот патролен авион „ЕП-3“ на само 1,5 метри оддалеченост.Русиот воен ловец се приближил до американскиот на опасна оддалеченост и го следел се додека тој не го променил курсот и не започнал да се оддалечува од границите на рускиот воздушен простор.
