Пола милион долари за чистењето на Белата куќа по заминувањето на Трамп

Откако Доналд Трамп замина од Белата куќа, таа беше темелно исчистена, пред во неа да се вселат Џо и Џил Бајден. Белата куќа има 132 соби, 35 бањи, 412 врати и 28 камини и за нејзиното чистење, неофицијално, се потрошени околу пола милион долари.

Според „Њузвик“, кој ги објави владините договори, била ангажирана службата за чистење „Дидлејк“, која вработува лица со попреченост. Тие добиле 127.000 долари. „Си-ен-ен“, пак, наведува дека вкупните трошоци за чистење може да достигнат и до половина милион долари, бидејќи е извршена и целосна дезинфекција од Ковид-19, што чини околу 29.000 долари.

Другите договори, за коишто не е конкретно кажано дека се поврзани со доаѓањето на семејството Бајден, вклучуваат дополнителни 44.000 долари за чистење килими, 115.000 за обнова на подот и 30.000 за чистење завеси, пренесува Си-ен-ен.

Scroll to Top