Осум лица вчера правеле забава во подземна гаража на улицата Анкарска во Карпош во три часот по полноќ.
Од МВР ја потврдија веста и рекоа дека во друштвото сите биле на возраст од 26 до 34 години.
Од таму велат дека тие се приведени и задржани во полициска станица затоа што не се придржувале на забраната за групирање повеќе од четири лица, а со цел спречување ширење на коронавирусот.