Италијанската полиција во вторникот уапсила лажен гинеколог поради сомнение дека силувал 63 од неговите пациентките, меѓу кои имало и малолетнички.
Неименуваниот лекар работел како кардиолог, но никогаш не се специјализирал за гинекологија, а во обвинението стои дека жртвите ги силувал во периодот од 2017 година па сè до денес.
Од полицијата рекоа дека тој ги присилувал девојките на полови дејствија во неговата ординација во близина на Катанцаро во Калабрија.