Спотот за песната Taka on Me, на норвешката група „А-ха“ достигна една милијарда прегледи на Јутјуб. Ова е еден од најоригиналните видеоспотови од 1980-те години, бидејќи е полуанимиран. Легендарниот спот го режираше Стив Барон, кој соработуваше со групата на уште седум спотови.
Спотот е објавен во 1985 година, а се правел четири месеци. Во него се искористени 3.000 цртежи на илустраторот Мајк Патерсон. Следната година, спотот освои шест награди на Ем-ти-ви, а на Јутјуб беше поставен во 2010 година.
Тake On Me е втората песна од осумдесеттите години која има преку милијарда прегледи на Јутјуб. Првата песна од 1980-те која стигна до оваа бројка е Sweet Child Of Mine од „Ганс ен роузис“.