Помошникот на режисерот му го дал пиштолот на Болдвин и му кажал дека е безбеден пред пукањето

Пиштолот со кој актерот Алек Болдвин случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, имал вистински куршуми, а му го дал помошникот на режисерот Дејв Холинс, покажаа судските документи. Холс му кажал на Болдвин дека пиштолот е безбеден, извикувајќи „ладен пиштол“, израз што во филмската индустрија се користи за пиштол без вистинска муниција. Според извештајот, Холс, не знаел дека пиштолот е наполнет со вистинска муниција.

За потсетување, Болдвин случајно ја уби снимателката Халина Хачинс. Таа беше застрелана во градите за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Санте Фе, Ново Мексико. Во инцидентот беше повреден е и режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад неа. Тој е ранет во рамото и сега е на домашно лекување.

По убиството, полицијата го сослуша Алек Болдвин, но засега никој не е обвинет за инцидентот.

Денеска во Санта Фе се одржа и комеморација за убиената Хачинс, на која Болдвин дојде заедно со сопругот и синот на жената што ја уби.

(Фото) Алек Болдвин случајно уби снимателка на снимање на филм и го рани режисерот Џоел Соуза

Scroll to Top