Попладне се очекува невреме

УХМР за денеска и утре издаде жолта фаза како предупредување за невреме и грмотевици. Најголема опасност се најавува во целиот Вардарски Регион.

За денеска се најавува опасност од грмотевици, додека за утре е издадено  жолто предупредување за врнежи од дожд и ветер.

Денеска попладне локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а не се исклучува можност и за редок град.

Утре ќе имаме и значително намалување на температурите, и тоа за 7 до 10 степени подолу од денешните, но нема да има услови за невреме.

Scroll to Top