Од Упрвата за хидромотеоролошки работи најавуваат дека времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер, а во некои делови од земјава се очекува и град. Ос УХМР советуваат во време кога ќе има електрични празнења да не се излегува на отворено и да не се засолнувате под осамени дрвја.
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.
Од УХМР велат дека нестабилното време ќе трае и во следните денови. И утре ќе преовладува променливо облачно време со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Од среда следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.