Поради експлицитен секс, Би-би-си ја повлече историската драма „Версај“

Историската драма „Версај“, која го прикажува животот на кралот на Сонцето, Луј Четиринаесетти и која важи за една од најконтроверзните серии на Би-би-си, ќе престане да се емитува по завршувањето на третата сезона.

Серијата само во втората сезона имаше повеќе од десет сцени непрепорачливи за лица помлади од 18 години. Тоа значеше и пад на гледаноста, па француската кабелска телевизија „Канал плус“ одлучи да ја тргне од својата програма.

Станува збор за проект со буџет од речиси 21 милион фунти, но експлицитните сцени, кои публиката првично ги прифати, сепак ги одврати повеќето гледачи, кои сега често ја оценуваат серијата како дегутантна.

Гледаноста, наводно, поради истите причини, се намалила и во Франција. Инаку, спорните сцени во серијата сега може да се пронајдат на многу порнографски страници.

Scroll to Top