Поради глобалното затоплување исчезнува најстариот пештерски цртеж во светот

Индонезиските пештерски слики пропаѓаат вознемирувачко брзо поради климатските промени, предупредуваат експертите. Сликата на дива свиња стара 45.0000 години, на островот Сулавез, е најстарата во светот и наскоро ќе исчезне поради порастот на температурите.

„Ова уметничко дело ни исчезнува пред очите“, вели доктор Џилијан Ханти од центарот за друштвено и културно истражување, Грифит.

Во студијата која е објавена во Scientific Reports, тим на австралиски и индонезиски експерти, откриле дека глобалното затоплување и другите екстремни временски промени, како што се сушата и монсуните, влијаат на акумулацијата на солта во пештерата, во која се наоѓа оваа слика.

Солта се шири и собира со скок и пад на температурите и буквално ја јаде сликата на ѕидовите на пештерата. Доктор Хантли смета дека деградацијата на овие пештерски слики ќе биде полоша со растот на глобалните температури.

„Шокирани сме од уништувањето што ни го нанесоа кристалите на сол на пештерските слики стари повеќе од 40.000 години. Итно треба да се преземат мерки за зачувување на ваквите пештерски слики во Индонезија, кои датираат уште од ерата на плеистоценот“, вели Хантли во студијата.

“Шокирани сме од уништувањето што го нанесоа кристалите на сол на пештерски слики стари повеќе од 40 000 години. Итно треба да преземеме мерки за зачувување на пештерските слики во Индонезија од ерата на плеистоценот”, рече таа во студијата.

Сликата на свиња во природна голема е дел од поголемата приказна за сцената во пештерата во индонезискиот остров Сулавез. Цртежот е најраниот доказ за постоењето на луѓе на овие простори и е најстариот приказ на фигура, иако не е најстарото уметничко дело.

Цртежот кој личи на хаштаг, стар 73.000 години, кој е откриен во Јужна Африка, се смета за најстариот цртеж на светот.

Scroll to Top