Наташа Вулси (34) од Велика Британија си го уништила бракот, ја изгубила работата и го зголемила долгот на илјада евра поради својата опседнатост со популарната игра Candy Crush Saga.
Таа толку била споулавена по оваа игра што не ја играла единствено само додека спиела, односно три часа дневно. Наташа е една од оние 700.000 илјади луѓе што се проценува дека се зависни од оваа видеоигра во Велика Британија.
„Играњето ми го уништи семејството, па дури ни по разводот не можев да престанам да играм“, вели Наташа, чија приказна е објавена кога Светската здравствена организација првпат ова нарушување го ставила на својата листа со болести.
Играта Candy Crush е заразна игра која има споулавено милиони играчи од кога појавила во 2012 година. Иако е бесплатна, за да се мине на повисокото ниво, играчите мора да платат симболичен износ.
Наташа вели дека првпат почнала да ја игра пред четири години.
„Пријателите на ‘Фејсбук’ ми праќаа барања да се приклучам и тогаш мислев дека нема да има штета ако пробам. Оттогаш не ни паметам моменти кога не играв, понекогаш и по 18 часа на ден. Играта е достапна на телефон, па може да се игра каде било и кога било. Станав толку опседната што се будев среде ноќ поради огромната желба да стигнам до повисоко ниво, а работата кулминира кога поради неа, заборавив да го соберам син ми од училиште. Престанав да се трудам за неговата ужина и само во вреќичката ќе му ставев чипс и чоколадо затоа што немав време, а ни сила да направам нешто поздраво“, вели Наташа.
Почнала да спие по три часа на ден поради што го излудела својот партнер, кој одлучил да ја прекине врската.
„Ми говореше дека ќе си замине ако не престанам, но не ми помогна. И понатаму куќата целата ми беше во хаос, фрижидерот празен, а мојот син сам седеше пред телевизорот“, вели Наташа, која играта ја играла и на работа поради што добила отказ.
Се проценува дека нејзината зависност на месечно ниво ја чинела околу 450 евра. Жртвувала сѐ, само за да ѝ се посвети.
„Со месеци не одев на фризер, не можев да си дозволам ни нова облека ни кафе со пријателите“, вели Наташа.
Пред девет месеци, кога мајка ѝ ја наговорила, Наташа побарала стручна помош, но таа и понатаму има проблем.
„Ќе мине уште многу време додека не си го средам животот, но во моментот сум малку повеќе посветена на син ми и повторно почнав да работам“, вели Наташа за британски „Мирор“.