Бензиските пумпи и „Бритиш петрол“ и американскиот ExxonMobil се затворени во Велика Британија поради проблемите со испорака на гориво, затоа што на компаниите им недостигаат возачи на камиони.
Нафтениот гигант „Бритиш петрол“ соопшти денес дека одредени број од бензиските пумпи во Велика Британија ќе бидат привремено затворени поради недостиг на безоловно гориво и дизел.
„Бритиш петрол“ наведе дека има проблеми со снабдувањето на бензин на некои продажни места во Велика Британија, поради недостиг на возачи на камиони ширум Велика Британија.
Американскиот гигант EksonMobil, сопственик на бензиски станици Eso, од друга страна соопшти дека дел од 200 станици во Велика Британија се затворени исто така поради проблеми со испорака на горивото.
Проблемите со снабдувањето се последица на пандемијата со коронавирусот, која многу возачи на камиони, главно странски, ги натера да се вратат во своите земји, додека центрите за обука на нови возачи, со месеци се затворени.
Истовремено доаѓањето на нови возачи од Европската Унија во Велика Британија, сега е покомплициран процес, поради брегзит.