Поранешен фудбалер пронајден мртов покрај стадион

Поранешниот фудбалер и тренер Александар Миличиќ бил пронајден мртов покрај стадионот во родниот Шабац. Неговото безживотно тело било најдено пред неколку дена. Тој имал 75 години, пренесуваат тамошните медиуми.

Александар исчезнал пред неколку дена и веднаш била почнала потрага по него. Неговата снаа Ана објави за неговото исчезнување и ги замоли сите што го виделе да го известат семејството.

„Излезе утрото по полноќ и досега не се врати. Ве молам, ако го видите, да ме известите и споделете ја оваа обкава да ја видат повеќе луѓе“, напишаа таа, која дополни дека Александар бил болен и дека страдал од деменција, која, за жал, била во напредна фаза.

Александар бил пронајден по неколку дена потрага. Неговото тело било најдено замрзнато покрај стадионот. Што точно се случило засега не е познато.

Тој за „Слобода Тузла“ одигра 475 натпревари, а беше дел и од генерацијата што во 1977 година го освои 3. место и со тоа обезбеди настап во Купот на победниците на куповите.

 Од поранешниот фудбалер и тренер се простуваат многу негови обожаватели и пријатели.
Scroll to Top