Поранешна порноглумица пронајдена мртва

Поранешната порноглумица Зои Паркер, која беше номинирана за актерка со најдобра секс-сцена во 2017 година, е пронајдена мртва. Таа неодамна ја напушти порноиндустријата, а според „Дејли стар“, причината за смртта засега не е позната.

„Зои се врати дома во Тексас за да биде со своето семејството и да почне нов живот. Неодамна почна да работи и најави дека ќе се мажи. Првпат во нејзиниот живот се чинеше навистина среќна“, рекоа нејзини блиски за американските медиуми.

Паркер ја почна својата кариера во филмската индустрија во 2014 година, а во 2016 година се пресели во Лос Анџелес за да се занимава со порнографија.

Scroll to Top