Поранешна советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниго, тврди дека го слушнала како изговара расистички зборови и го видела како јаде хартија по состанокот со адвокатот Мајкл Коен.
Таа во својата нова книга тврди дека Трамп изел еден доверлив документ.
„Го видов како става хартија во устата. Со оглед на тоа дека Трамп е бактериофоб, бев шокирана кога видов дека ја џвака и голта хартијата. Мора да било во прашање нешто многу доверливо“, наведува Маниго во својата книга „Надвор од контрола“, која ќе биде достапна за продажба на 14 август.
sorry Omarosa, it’s been well documented throughout the years that Donald Trump loves to eat paper pic.twitter.com/bek1dvYLcC
— Born Miserable (@bornmiserable) August 10, 2018
Покрај тоа, таа во својата нова книга тврди дека постојат снимки на кои американскиот претседател Доналд Трамп се изразува расистички, како и дека на бројните настани без својата сопруга се однесува како да е „пуштен од ланци“.
Ова се само дел од обвинувањата на сметка на американскиот претседател кои ќе се појават во новата книга.
„Не сакав да верувам. Ги отфрлав туѓите приказни за него затоа што не го познавав како јас. Јас морав со сопствевни очи да посведочам на расизмот и кога многупати го слушнав, повеќе не можев да демантирам“, вели поранешната советничка на Трамп во својата книга.
Come for the tanning bed, stay for the time Trump supposedly ate some paper — @jdawsey1 on Omarosa’s book https://t.co/YuiYGAbhK3
— Erica Werner (@ericawerner) August 10, 2018
Таа, без докази, тврди дека постојат снимки од претседателот Доналд Трамп, како во повеќе наврати го изговара зборот „црнчуга“, за време на снимањето на ријалити програмата Тhe Apprentice.
Исто така изнела тврдења дека претседателот се обидел да го купи нејзиното молчење, со тоа што и ја понудил позицијата во изборниот штаб во 2020 година, со плата од 15.000 долари месечно.
Таа сепак наведува дека морала да потпише договор за молчењето, нешто што не го посакувала.
Маниго тврди дека откако ја одбила позицијата, добила куп писма во кои е предупредена дека за работите кои ги знае за Трамп мора да молчи.