Поранешната жена на Роман Абрамович ќе се мажи за грчки милијардер

Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот милијардер и сопственикот на „Челзи“, Роман Абрамович, се вери со грчкиот милијардер  Ставрос Ниархос. Според руските медиуми, 38-годишната Жукова и 5-години помладиот Ставрос ќе прават голема свадба пред крајот на годината.

Роман и Даша наводно се во добри односи и покрај разводот. Тие се разведоа во 2017 година, по 10 години заедно. Двојката има две деца – шестгодишна ќерка Леа Лу и десетгодишниот син Арон Александер.

Scroll to Top