Порноактерката Кристина Лисина била најдена мртва откога паднала од 22. кат од висококатница во Санкт Петербург, пренесува „Њујорк пост“. Полицијата го истражува случајот и засега не е познато дали станува збор за самоубиство.
Од таму велат дека во нејзината рака нашле писмо со порака „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“. На безбедносните снимки се гледа како Кристина влегува во зградата додека јаде чипс. Неколку минути подоцна таа паднала од балконот.
Полицијата бргу утврдила која е девојката, иако со себе немала никаков документ. Медиумите во Русија пренесуваат дека таа уживала голема популарност на страницата за возрасни „Порнхаб“. Но, Кристина неодамна на една своја пријателка ѝ се пожалила дека се чувствува осамено.
„Сакаше да основа семејство и да се почувствува сакано“, рече анонимен извор за британски „Сан“. Во едно нејзино интервју таа признала дека завршила во порноиндустријата бидејќи не успеала да се снајде работејќи во банка.