Порно сајт му нуди еден милион долари на Снуп Дог

Порно страницата ImLive му понуди еден милион долари на Снуп Дог за да ги коментира нивните порнофилмови за слепи лица. Понудата му ја испратија јавно, откако тој привлече големо внимание со своите смешни коментари на боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор.

„Ние во ImLive веруваме во иновативност и размислување надвор од рамките. Можноста да те слушаат тебе како ја опишуваш анатомијата на нашите прекрасни хостеси додека изведуваат шоу за возрасни, на нашите визуелно ограничени корисници ќе им пружи едно незаборавно искуство во животот“, стои во писмото што го исратија од порносајтот до музичарот.

Снуп Дог засега не одговорил на нивната понуда за работа.

Scroll to Top