Познатата германија компанија „Порше“ целосно го запира производството на нови модели, воедно тој е првиот бренд кој се одлучил на ваков чекор поради ескалацијата на војната во Украина. Таа месецов постепено ќе го прекине производството на своите модели, што наскоро би можело да значи целосен прекин на производството.
Калеб Ј. Шроетер објави на Твитер дека според планот на Порше, први на удар се Macan и Panamera, чие производство престана на 2 март. Еден ден подоцна, и производството на Taycan беше прекинато, додека од 7 март не се произведува ниту Cayenne. Следни се најевтиниот Porsche, 718, кој ќе престане да се произведува на 14 март. Како и 911 GT3, кој ќе престане да се произведува на 17 март, а останатите 911 ќе бидат во производство до крајот на март.
Read an article on factory closures due to the continued supply chain pressure in the automotive space. Shortly after, a friend in the loop sent me this… what this could mean for Porsche production… imagine VW Group, BMW, Mercedes’… 😳 used cars about to get even more pricey! pic.twitter.com/O263JS3O7h
— Caleb J Schroëter (@calebjschroeter) March 3, 2022
Портаролот на Порше потврди за магазинот Motor1 дека производството во фабриката во Лајпциг престанало на 2 март и дека машините во Цуфенхаузен сè уште работат.
„Во наредните денови и недели работиме на краткорочна основа и постојано ја проценуваме ситуацијата“, се вели во соопштението.
Најверотно се работи за привремен прекин на производството, но во секој случај ќе ги продлабочи проблемите со понудата на автомобили на пазарот. Од друга страна, натамошната ескалација на конфликтот може да значи подолг прекин на производството, бидејќи засега не е познато како би можеле да се надминат проблемите со снабдувањето од подрачјата зафатени со војна.
Целата автомобилска индустрија во германија е под дополнителни искушенија, најпрво поради недостигот на полупроводници, а потоа ситуацијата во Украина целосно го наруши сиинџирот на снабдување со делови.
И Фоксваген се соочува со проблеми, па веќе започна со суспензии во производството на одредени делови, вклучително и модели на автомобили, поради недостиг на делови.
За потсетување, пред неколку дена „Порше“ објави дека ја прекинува испораката на автомобили во Русија, каде има 26 продажни центри и има годишна продажба од 6.262 автомобили, според податоците за 2021 година.