Портокалов кондом меѓу парите и пиштолот: Нови фотки од Борисов пред изборите во Бугарија

Новите фотографии испратени до локалните медиуми на 9-ти ноември го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума евра во фиока и пиштол оставен покрај креветот.

 На едната фотографија се гледа пиштол на ноќна маса и портокалов кондом, а на друга е прикажан човек завиткан во шарени чаршафи како лежи во кревет.


Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори на 14-ти ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и дека ќе биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ преку е-маил во кој се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на земјата, пишува Интелњуз.

Се верува дека новите фотографии се направени во исто време кога биле сликани и првите, објавени минатата година.

Бугарскиот сајт Dir.bg наведува дека настанала аферата „Мата Хари“ и дека се трага по мистериозна жена за која се верува дека ги фотографирала собата и премиерот, најверојатно откако имале сексуален однос.

Во јуни 2020 година, веб-страницата Афера ја објави првата серија фотографии од спалната соба. На фотографиите се гледаат златни плочки и снопови евра во истата просторија во резиденцијата на тогашниот премиер.

Во тоа време, локалните медиуми добија анонимни фотографии од Борисов како спие во својата спална соба покрај пиштол Глок калибар 9 милиметри и фиока полна со банкноти од 500 евра и златни плочки. Поранешниот премиер ја потврди нивната автентичност, велејќи дека фотографиите се направени во резиденцијата што ја користел како премиер.

Анализата спроведена од истражувачкиот порталот Bird.bg покажа дека фотографиите се направени во средината на јули 2018 година, 8 мај 2020 година и 11 јуни 2017 година. Две фотографии немаат метаподатоци кои би дале информации за датумот кога се направени, објави порталот на Фејсбук.

И лани беа објавени фотографии од Борисов кој спие покрај пари и пиштол кога во Бугарија имаше масовни антивладини протести. Тие потоа сериозно го потресоа Борисов и неговата влада, но премиерот одби да поднесе оставка. Протестите беа одбележани со полициско насилство и апсење на десетици луѓе.

Scroll to Top