Портретот „Дијана, принцезата од Велс“ е продаден за 10 пати поголема цена од очекуваната, објави аукциската куќа „Сотби“, пренесува CBS News. Тие очекувале да ја продадат за 20.000 долари, но сепак таа била продадена за 201.600 долари.
Уметниците понекогаш користат студии за глава за да ги усовршат емоциите и перспективите на личноста што ја сликаат. Па, така, оваа слика што ја насликал починатиот американски уметник Нелсон Шанкс во 1994 година е главната студија на принцезата Дијана. Таа е создадена на почетокот на изработката на нејзиниот портрет во целосна големина.
На сликата е принцезата со полузатворени очи и замислен израз на лицето како во портрет во целосна големина, а нејзиниот зелен фустан подоцна е сменет со бела блуза за последниот голем проект, пишува „Сотби“. Големиот портрет што висел во палатата Кенсингтон пред да биде преместен во нејзиниот дом во Алторп, Нортемптоншир, ги отсликува емотивните последици од јавниот живот на Дијана во средината на 90-тите, но и нејзиниот внатрешен отпор, пишува „Сотби“.
#AuctionUpdate Nelson Shanks’s captivating study of Princess Diana sells for $201,600, 10X its high estimate. #SothebysMasters pic.twitter.com/jnKyoa2njC
— Sotheby’s (@Sothebys) January 27, 2022
Дијана му позирала на уметникот повеќе од 35 часа. Таа им станала блиска пријателка на сликарот и неговата сопруга Леона за време на позирањето. Таа им испратила писмо во 1994, во кое напишала: „Ми недостигате вие и Леон во Лондон бидејќи доаѓањето во студиото беше безбедно засолниште, полно со поддршка и љубов“. Три години подоцна принцезата загина во сообраќајна несреќа во Париз на 36-годишна возраст.
На Шенкс му била дадена задача да направи портрет во целосна големина на покојната принцеза од Велс во доцните 90-ти за што биле потребни повеќе од 35 часа позирање.