Постер од Елвис Присли продаден за 42.500 долари

Постер со ликот на Елвис Присли од 1955 година беше продаден на аукција во Северна Каролина за 42.500 долари. Аукциската куќа „Херитиџ окшнс“, која го продала постерот, соопштила дека се работи за плакат што го најавил концертот во градот Ралej, Северна Каролина, на 19 мај 1955 година.

Цената добиена на наддавањето е двојно поголема од очекуваната. Новиот сопственик е од Калифорнија, но тој ќе остане анонимен. Според аукциската куќа, анонимен е и продавачот на постерот, кој го поседувал од 1957 година.

Scroll to Top