Повеќе луѓе го следеа погребот на принцот Филип отколку венчавката на Меган и Хари

Погребот на принцот Филип, што се одржа на 17 април, го гледале повеќе луѓе отколку свадбата на Меган и Хари, пренесоа британските медиуми.

„Иако погребната церемонија се одржа во првиот викенд откако пабовите и рестораните почнаа да работат по строгиот локдаун, сепак 13,6 милиони гледачи се вклучија во живо да го гледаат погребот на војводата од Единбург. Тоа е половина милион повеќе гледачи од венчавката на војводата и војвотката од Сасекс, на која се вклучија 13,1 милиони луѓе“, пишуваат медиумите.

Целосното покривање на погребот се одвиваше на три ТВ-канали, „Би-би-си“ со 11 милиони гледачи, „Ај-ти-ви“ со 2,1 милиони, и 450.000 на „Скај“.

Сепак, ова не е најледаниот настап поврзан со кралското семејство. Погребот на Дијана, принцезата од Велс го следеле 31 милиони гледачи.

 

Scroll to Top