Повеќе од 300 навивачи на Финска се заразиле со коронавирус на ЕВРО 2020

Повеќе од 300 навивачи на Финска се заразиле со коронавирус на Европското првенство. Финските власти соопштија дека ова може да го смени планот на земјата за олеснувањето на мерките. Секој ден во Финска бројот на нови инфекции се зголемува за околу 50 лица.

Само минатата недела биле регистрирани повеќе од 200 нови случаи, а се очекува во наредниот период оваа бројка да се зголемува, предупредија властите. Мика Салминен од финскиот здравствен институт вели дека ваквата ситуација настанала со враќањето на навивачите.

„Проучувајќи ја нивната возраст, јасно е дека многу од нив сè уште не примиле две дози вакцина“, додаде Салминен и додаде дека помеѓу  4,5 и 6 илјади Финци отишле на мечевите во Санкт Петерсбург, што во моментов руши рекорди по бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Локалните здравствени власти објавија дека повеќе од 200 инфекции што се случиле во Русија биле откриени во областа околу Хелсинки.

Властите сè уште се обидуваат да ги лоцираат сите оние кои биле во Русија, предупредувајќи ги дека можеби го пренеле коронавирусот на своите пријатели.

Scroll to Top