Повеќе од половина жени се жалат дека немаат редовен секс

Емоционалната блискост е најважна за добар секс, според жените. Ова го покажуваат податоците од новото истражување објавено во „Индипендент”. Стресот од секојдневието најверојатно може да стави крај на секакви сексуални авантури.

Ново истражување одлучи да провери дали стереотипите за жените и сексот се вистинити.

Истражувањето покажа дека повеќе од половина од 500-те анкетирани велат дека емоционалната врска е најважниот аспект за добар секс. За помалку од една четвртина предиграта е од суштинско значење. И само околу 10 од 100 од жените сметаат дека комуникацијата е важна. Разновидноста и зачестеноста на сексот се одредуваат за битни за 5% од понежниот пол.

Истражувањето покажува дека повеќе од половина од жените се жалат дека немаат доволно секс, а 3/4 го сакаат тоа повеќе од трипати неделно. Поголемиот дел од жените изјавиле дека треба да стигнуваат до оргазам најмалку еднаш за време на секс.

Најмногу негативно влијание врз љубовниот живот на дамите има  стресот што ги спречува да го сторат тоа 39 од 100 од анкетираните. Следат чувството за недостиг на синхронизација со партнерот и лошото расположение.

Една петтина од жените велат дека немаат никакви пречки кои влијаат на сексуалниот живот. Освен тоа податоците ги потврдуваат резултатите од неодамнешна студија, според која жените сакаат романтични  секс-авантури.

Scroll to Top