Поздравот на Трамп и Путин траел цели три секунди

Доналд Трамп и Владимир Путин се состанале на својот прв официјален  билатерален самит. Додека Трамп уште во неделата стигнал во Хелсинки, Путин долетал во понеделникот и доцнел дури 20-ина минути.

Ракувањето траело цели три секунди, а двајцата имале сериозен лик. На нивните лица не се надѕирала насмевка.

По ракувањето, Трамп му намигнал на Путин, но и двајцата не покажале емоции. На почетокот на состанокот Трамп му честитал на рускиот колега на одлично организираното Светско фудбалско првенство, кое заврши во неделата.

Трамп и Путин разговарале за важни теми, додека во САД и Европа постои страв дека рускиот претседател од овој состанок ќе излезе како победник.

 

 

Scroll to Top