Позната ѕвезда на реално шоу во Британија, чиј идентитет засега полицијата не го открива, била дрогирана и силувана на журка. Девојката обвинила двајца мажи, продуцент и уште еден член од ТВ-екипата, за злосторот.
Полицијата ги повикала двајцата обвинети на краток разговор. Тие се оправдале дека секс во тројка имало, но на истиот се согласиле сите доброволно.
Наводиот напад се случил во раните утрински часови на една приватна забава недалеку од ТВ-студијата во кои претходно снимале. Полицијата ги испрашала и останатите членови од ТВ-екипата како потенцијални сведоци.
Reality star in her 20s ‘who is instantly recognisable to TV fans is raped at drug-fuelled after-party https://t.co/SNIu6lyZXu
— Global Analytica (@AnalyticaGlobal) January 21, 2019
Една жена изјавила дека девојката доброволно заминала на забавата по направените снимања во студиото. Жртвата на полицијата им рекла дека се онесвестила и дека кога се разбудила сфатила дека била силувана.
„Млада жена во раните 20 години се разбудила по една приватна забава на која се користеле разни дроги и алкохолни пијалаци. Откако дошла при себе, таа разбрала дека била жртва на сериозен сексуален напад. Веднаш повикала такси и се упатила кон болница. Потоа повикала полиција и поднела службена пријава. Била прилично надвор од себе. Била многу вознемирена и избезумена во врска со она што се случило. Таа е позната во Велика Британија и фановите веднаш би препознале за кого се работи“, вели извор за британските медиуми.
Портпаролот на обвинителството го потврдил случајот и изјавил дека полицијата ги истражува наводите за силувањето.