Празна книга за политичар стана бестселер на „Амазон“

By

Книгата „Зошто на Салвини треба да му се верува, да се почитува и обожава“, за ултрадесничарскиот италијански политичар Матео Салвини, е на врвот на најпродавани книги на италијанскиот „Амазон“, иако содржи само празни страници. Авторот на книгата е Алекс Грин, политички аналитичар, и веројатно е псевдоним. Книгата има 110 страници, а чини 6,99 евра. Таа со денови се наоѓа на врвот на листата на најпродавани книги на оваа интернет-продавница.

„И покрај долгогодишното истражување, не можевме да најдеме што да кажеме за тоа прашање, затоа слободно искористете ја за свои белешки“, стои во описот на книгата.

Според „Амазон“, книгата ја објавила приватна компанија во февруари 2009 година. Критиките на „Амазон“ се претежно позитивни и просечната оценка е 4,7 sвезди.

Очигледната шега го привлече вниманието на многу италијански медиуми. На некои, сепак, не им се допаѓаше шегата.

„Долго и напорно читање, но вредеше“, пишува еден потрошувач.

„Само пишувам за да кажам дека ова е празна книга продадена во заговор со левичарскиот ‘Амазон’, само за забава на левичарите“, напишал човек, кој ја оценил книгата со една ѕвезда.

„Ја купив само за да пишувам лошо за неа. Вие не треба да ја купувате!“, додал потрошувачот.

Салвини (47) е лидер на партијата Лига. Политичарот е познат по својот тврд став кон мигрантите и неговата наклонетост кон другите популистички лидери.

Ќе ви се допадне

Hiyokoi (https://crunchyrollfree.com/m/W37v) Episode Full at website https://crunchyrollfree.com free dive to the future crunchyroll

Bleach (Dub) Episode 366 at website https://funimationfree.com one piece eng dub