Дајарам Тамракар пред само неколку дена го преживеал падот на авионот кој летал кон Бангладеш, а во кој загинале 49 лица. Тој рекол дека животот му го спасило тоа што не пиел алкохол.
Дајарам работи како туристички водич. Тој за медиумите раскажал дека во текот на летот не пиел и затоа не не заспал. Тој бил потполно свесен кога авионот покрај аеродромот на Катманду, а потоа се запалил. Мажот успеал да стане од седиштето, да ја скрши вратата и да им помогне на неколку други патници, пред да скокне на безбедно, откако пожарот го зафатил авионот. Од авионот кој пренесувал 67 патници, преживеале уште 22 лица.
„Успеав да се фатам за седиштето при падот, брзо да се ослободам од безбедносниот појас и да ја отворам вратата за случај на опасност, само зашто бев доволно присебен”, рекол за новинарите кои дошле да ја раскажат неговата херојска приказна.
„Кога некој кажа дека избил пожар, моравме да го напуштиме авионот. Станав и погледнав назад, и видов дека опашката е во пламен. Војската и итните служби брзо реагираа, што веројатно помогна да се спасат голем број луѓе“, рекол тој.
Во близина на меѓународниот аеродром во Катманду се наоѓа воен камп, кој го обезбедува просторот и дава помош во вонредни ситуации. Според Тамракар, авионот кој се подготвувал за слетување летал премногу ниско, а неколку моменти пред да удри на земјата луѓето почнале да врескаат.