Полицијата во Рим ги затворила влезовите на Ватикан кога примила дојава за бомба за време на обраќањето на папата Франциско.
Полицајците влегле во црквата „Свети Петар“ кога заканата за бомба била пријавена во најблиската банка. Околу црквата се наоѓаат голем број полициски возила, а приодот е целосно блокиран.
Папата имал свое редовно обраќање во Ватикан кога полицијата била предупредена за бомбата во банката „Кредито Артиџано“. Забвележани биле полициските службеници, кои биле со опрема за уништување на бомбата.
ROME IN BOMB ALERT: Police evacuate area by Vatican as Pope gives address https://t.co/YGIDrSqshd
— Mark Espinola 🇺🇸 (@Geostrategic777) 23 May 2018
Полициските извори велат дека бакнката примила закана од бомбата од анонимен телефонски повик. Жената утврдила дека експлозивот е поставен во филијалата што се наоѓа спротивно од плоштадот Свети Петар.
Римските карабинери го блокирале подрачјето, ја евакуирале банката, како и неколку канцеларии на Ватикан и Италијанската епископска конференција.
Секоја година пет милиони посетитеи на Ватикан влегуваат внатре во Ватикан, вклучително и на плоштадот Свети Петар, базиликата „Свети Петар“, Сикстинската капела и музејот.