Пријавил бомба во авионот затоа што му се допаѓала стјуардесата

Поради дојава за бомба 130 патници и пет члена од екипажот од авионот „Луфтханс“ се евакуирани. Лицето Зоран Н. се терети дека пријавил бомба во авионот, затоа што му се допаѓала една од стјуардесите. Против него ќе биде покренато обвинение за кривично дело предизвикување паника и неред.

Зоран признал дека пред три дена упатил лажна дојава за бомба во авионот кој од Белград, требало да полета во Франкфут. Тоа го направил затоа што му се допаѓала стјуардесата од тој лет. И се јавил од станот на свој пријател.

Како што пишуваат српските медиуми, тој запознал две стјуардеси од тој лет и ги поканил на вечера. Посебно му се допаднала едната од нив, но тие поканата за вечера не ја прифатиле.

Бидејќи својата симпатија не ја нашол во хотелот, утредента, тој се јавил на аеродромот и пријавил лажна бомба, со цел да ја задржи стјуардесата да не полета.

Поради ваквата дојава биле евакуирани сите патници. По испрашувањето, обвинителството му предложило на судот да му одреди на лицето Зоран Н. мерка притвор.

 

 

Scroll to Top