Синот на британската кралица Елизабета, Ендру, е зависен од секс и се возбудува на црвенокоси, вели Иан Халперин, автор на книгата која ја напишал за принцот. Исто така во јавноста е познато дека Ендру сакал да спие со малолетни девојки кои му ги местел поранешниот осуден педофил Џефри Епштајн.
Ендру и Епштајн биле добри пријатели. Затоа кралското семејство беше потресено од скандалите кои се појавија во јавноста со педофилија, во кој беше вмешан и самиот Ендру.
Иан Халперин наскоро ќе ја издаде книгата под името „Секс, лаги и валкани пари, од страна на светската најмоќна елита“. Во неа тој ќе ги објави разговорите направени со десетина жени кои тврдат дека спиеле со принцот Ендру, пишува Page six.
Повеќето жени го опишале Ендру како вистински џентлмен и изјавиле дека со него имале секс на доброволна основа. Една од нив открила дека тој е вистински љубовник и дека за него не постојат граници кои не може да ги пречекори во креветот.
Таа изјавила дека била воодушевена од него, но се разочарала откако тој повеќе никогаш не ја побарал. Една од жените, пак ,изјавила дека Ендру бил зависен од секс.
„Една поранешна љубовница смета дека тој станал зависник од секс затоа што секогаш бил втор во споредба со неговиот брат, принцот Чарлс. Нивниот однос го спореди со Вилијам и Хари. Вилијам отсекогаш бил направен од ‘кралски материјал’, додека Хари бил лошото момче. Не добивал доволно внимание од семејството и се чувствувал посебно кога ги носел сите тие убави жени во кревет“, вели авторот на книгата.
Халперин тврди дека не постојат докази кои упатуваат на тоа дека принцот Ендру спиел со малолетни девојки, но познато е дека Епштајн бил човекот кој му ги местел.
„Ендру е опседнат со црвенокоси девојки, па Епштајн на своите скаути им давал налози на улиците да ги бараат најубавите црвенокоси девојки до кои можат да дојдат“, открива авторот.
Исто така Епштајн своите богати пријатели ги имал во ракав. Тој имал информации за нив, кои тие не сакале да бидат објавени во јавност. Ендру го молел на колена Епштан неговите тајни да не се споменат никаде во јавноста. Не сакал да се спомене ниту неговото име, вели авторот.