Принцот Вилијам се вакцинираше против коронавирус

Британскиот принц Вилијам, кој минатата година се зарази со ковид 19, денес ја прими првата доза на вакцина против коронавирус. Внукот на британската кралица Елизабета Втора, кој е втор во редот за наследник на британскиот престол, објави на „Твитер“ дека ја примил вакцината.

Тој се вакцинирал претходно оваа недела во лондонскиот Музеј на наука, пренесува „Ројтерс“. Од кралското семејство не открија која вакцина ја примил, но, затоа што Вилијам е помлад од 40 години, тој ја примил „Фајзер“ или „Астра Зенека“, пишуваат британските медиуми.

„Во вторник ја примив првата доза на вакцина против ковид 19. Сакам да им се заблагодарам на сите кои работат на имунизацијата и да им посакам да продолжат со добрата работа“, напиша принцот.

Вилијам се разболе од ковид 19 минатиот април, речиси во исто време како и неговиот татко, престолонаследникот, принцот Чарлс. Веста се држеше во тајност сè до ноември.

Другите членови на кралското семејство, исто така претходно ја примија вакцината, а меѓу нив беше и кралицата Елизабета и принцот Чарлс. Кралицата изјави дека вакцинацијата поминала многу брзо и била безболна и ги повика сите да го следат нивниот пример.

Британија со првата доза, досега имунизираше околу 37 милиони луѓе, а во овој момент, сите кои се постари од 34 години, имаат право на вакцинација.

Scroll to Top