Професорка по физичко имала секс со својот ученик на матурска вечер

Во Шкотска почна рочиштето за случајот од 2017 година за професорката по физичко Мелиса Твиди, која спиела со свој ученик по матурската вечер. Твиди, која во тоа време имала 23 години, беше обвинета за непримерно однесување со поранешните ученници, објави „Мирор“.

Професорката по физичко Мелиса Твиди од Шкотска спиела на матурската вечер, непристојно ги допирала и ги прашала своите ученици дали можат да заборават на еден момент дека таа е нивен учител, по што заминала во хотел со еден од нив.

За да се заштитат правата на момчето, тој на рочиштето беше наведен како ученикот А. Тој сведочеше за случајот од 2017 година, кога Мелиса му беше професорка по физичко. Тој рече дека му е жал што против неа се води истрага. Признал дека ја бакнал во хотелот и дека потоа отишле во неговата соба каде што спиеле. Додаде дека таа вечер испил многу.

Тој тврди дека госпоѓицата Твиди, која сега живее во Дубаи и работи како учителка по јога, ја поминала ноќта во собата и заминала околу 8 часот наутро. 

„Немавме никаква врска пред матурската вечер. Госпоѓица Твиди седеше на нашата маса, таа не пиеше, јас пиев“, рече тој на сослушувањето.

По матурската вечер, учениците резервирале соби во хотелот во близина.

„Не ја поканив Твиди во хотелот, не знам како стигна таму. Останавме сами во собата, се бакнувавме, никој не иницираше. Слеговме долу и имавме секс во мојата соба. Таа ја помина ноќта со мене, двајцата си заминавме во осум. Навистина ми е жал, Твиди. Во моите очи тоа не беше секс со ученик, матурирав, ова можеше да се случи и на некое ноќно излегување“, додаде тој.

На рочиштето на кое не беше присутна Твиди, изјавија дека професорката и поранешниот ученик ги нашле во соба на кревет. Кога влегол друг ученик во собата, таа рекла: „Технички, сè уште не сум го допрела“

Еден од сведоците на сослушувањето беше и професорката Хедер Прентис (60), која работела во истото училиште со Мелиса. Таа рече дека професорите се загрижени за однесувањето на Мелиса, како и за нејзината облека. Тие сметаат дека фустанот со голем шлиц не бил соодветен за церемонијата.

„Фустанот ѝ беше многу краток, подоцна вечерта ја видов како танцува со чаша вино во раката. Таа беше меѓу поранешните учениците. Подоцна, таа пиеше алкохол во барот со ученикот со кој спиеше. Ја прашав како ќе си оди дома и дека можеме да ѝ организираме превоз, но таа одби. Сами се вративме во хотелот, а подоцна ги проверивме камерите дали се вратила. И ние ѝ пративме порака, но таа не ни одговори“, изјави професорката.

Доколку биде обвинета, на Мелиса може да ѝ биде забрането да работи во сите училишта во Шкотска.

Scroll to Top