Пронајден нов вид диносаурус во пустината Атакама

Во пустината Атакама во Чиле се пронајдени коски од диносаурус за кој научниците тврдат дека е нов вид претходно непознат во јавноста. Тие во близина на градот Копијапо во 90-тите години ископале скелет од диносаурус, но неодамна ги завршиле проучувањата и го претставиле своето откритие во јавноста.

Според експертите, станува збор за титаносаурус, кој јадел растенија, имал мала глава, долг врат и необично рамен грб и живеел во некогаш буен предел пред 66-80 милиони години. Неговата должина е проценета на 6,3 метри.

Се очекува скелетот од диносаурусот да биде изложен во Природонаучниот музеј на Чиле.

Scroll to Top