Во време на пандемија зголемен упис на студенти
Американскиот универзитет на Европа – ФОН денес го одржа првиот академски час за оваа учебна година, а на онлајн-церемонијата на новите студенти (бруцоши) им се обрати в.д. ректорот, професор д-р Љубомир Фрчкоски, кој ги повика студентите да учат на едно од најдобрите места. Тој нагласи – да учиме заедно и да создаваме култура и моќ од знаењето, да создаваме заедница која ќе биде просветлена со хуманизам, солидарност и знаење.
Во време на криза предизвикана од панедмијата на коронавирусот вредно е да споменеме дека АУЕ-ФОН е единствен универзитет кој за една третина има зголемен број на уписи на студенти во однос на минатата година. Се соочуваме со многу предизвици, но и покрај тоа, верувам во иднината на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, како и во нашата мисија, затоа што знам дека можеме заеднички да придонесеме за трансформација на иднината на луѓето, изјави претседателот на управниот одбор, професор д-р Рејмонд Аикики.
АУЕ-ФОН ја почна оваа учебна година 2020/2021 трансформиран во согласност со најсовремените американски образовни стандарди, кои нудат флексибилни, либерални и просперитетени студии, ставајќи го студентот во фокусот на интересот.