Прв моден викенд во Саудиска Арабија

Во хотелот „Риц-Карлтон“ во Ријад се одржа првата модна недела во Саудиска Арабија. Настанот се одржа од 10 до 14 април, а се претставија 14 дизајнери од Бразил, Либан, Русија, Саудиска Арабија, САД и од Обединетите Арапски Емирати. Меѓу поканетите гости беа и легендарни дизајнери како Роберто Кавали и Жан-Пол Готје.

„Многу сме возбудени затоа што создаваме историја“, рекла манекенката Анита Дмикроска.

Принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, дозволи јавни концерти, повторно отвори кино-сали, ја укина забраната жените да возат, а сега дозволи да се одржи и модна недела каде што жените нема да носат абаја.

Ограничувања и натаму постојат. На отворањето на модната недела беше дозволено да присуствуваат мажи и камери, но само жените можат да одат на модните ревии.

 

 

Scroll to Top