Прва година без божикните базари: најубавите празнични маркети во Европа

Коронавирусот на сите ни ги помати плановите, но ни останува да фантазираме за идната година.

Можеби имавте во план да посетите некој од европските новогодишни базари? Почекајте го наредниот декември, а дотогаш уживајте во досегашната магија на најубавите празнични маркети во Европа створена изминативе години.

Магичната Будимпешта

Веќе долгоомилениот зимски настан во Унгарија, со наслов Advent Feast at the Basilica, на почетокот ја однесе титулата за најдобар новогодишен маркет во Европа. Најголемото 3Д-лајтшоу на Стариот континент привлекува многубројни туристи баш како и тезгите со национална храна и пиење, како и неизбежните џиџиња.

Овде секогаш може да се купат подароци без преголема тензија, а по преголемата тензија, по незаборавната забава и шопингот, ќе остане и некој денар во паричникот. Освен тоа, Будимпешта се издвојува и по тоа што нејзиниот маркет носи титула екофрендли. Сето она што останува од посетителите се рециклира!

„Винтер фест“ во Нови Сад

Најстариот маркет во Србија, кој трае од католичкиот до православнот Божик, го зазеде десеттото место на листата најдобри во Европа. Празничната магија минатата година го собори рекордот по бројот на посетители, а распеаната елка, потрагата по јаболкото во игротеката од сенки, возењето со рингишпил, качувањето по светкавиот видиковец… се само дел од атракциите во текот на новосадскиот зимски фестивал.

Неприкосновената Виена

Еден од најубавите градови во Европа е оценет како престолнината со неприкосновена празнична атмосфера, но потклекна пред Будимпешта, по што го зазеде второто место на листата најдобри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Map of Europe (@map_of_europe)

На плоштадот на градската куќа Vienna Magic of Advent секогаш е магично, таква е впрочем целата Виена во текот на божикните и новогодишните празници.

Гдањск за романтични души

Еден од најевтините градови во Европа, а за него велат дека е најромантичен, се закити со третото место. Во Гдањск во текот на празниците врие од парови не само поради добриот провод. Уживањето во оваа единствена бајка го користат заљубените од целиот свет за да се сликаат под големата имела, која ја бие глас, кој и да ја посети, дека ќе ја поддржи нивната љубов до крајот на животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 4travelMemories (@4travelmemories)

Бајка од Прага

Оној што бил за време на божикните базари во Прага со право може да се каже дека е среќник. Чешкиот град е секогаш убав, но кога ќе паднат снегулките и градските власти ќе ја накитат огромната елка со безброј лампиони на староградскиот плоштад, навистина ќе се чувствувате како јунак од некоја бајка. Божикниот пазар, отворен и по Нова година, го надополнуваат: дрвени куќички преполни со божикни украси, тантели, познатото чешко стакло, резбани играчки…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heon Kang (@fotoheon)

Нема што нема, а расположението го поткреваат и уличните музичари, детските хорови, фасцинантните концерти во црквите…

Минхен и љубов во воздухот

Ѕвездички, ѕвездени топки, дрвени фигури, свеќи, волнени капи и, како што истакнуваат домаќините, љубовта во воздухот можете да ја купите и почувствувате на дури 20 базари во главниот и најнаселен град во Баварија. Традиционално се одржуваат веќе 500 години!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travel photo blog (@beaten_track)

Москва и нејзините 34 базари

Секоја година на 16 декември во Москва се отвораат дури 34 базари! Не треба посебно да се зборува колку величествено изгледа Црвениот плоштад за време на празниците. Совршено место за купување сувенири типични за Русија, а мноштво традиционални бабушки го опколуваат најголемото лизгалиште во градот. Сјајната топка ја украсуваат ЛЕД-светла во должина од 9,5 км!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Livia e Samuel 💕 (@viagensemenus)

Небото над Москва е прекриено со безброј ѕвезди, а во целиот град се поставени илјадници новогодишни елки. Пешачката зона е проширена, така што, каде и да отидете, е вистински рај!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenss_Style (@lenss_style)

Scroll to Top