Првиот хотел во Вселената ќе се отвори во 2027, ќе може да прими 440 луѓе

Фондацијата „Гетавеј“ објави дека во 2027 планира да го отвори првиот хотел во вселената, кој ќе биде  наречен „Станица Војаџер“. Ротирачкиот хотел ќе има форма на прстен, што ќе му дава гравитација еднаква на една шестина од онаа на Земјата.

Хотелот ќе го гради „Орбитал асембли“, која за себе вели дека е „прва градежна фирма за големи објекти во вселената“.

 

Изградбaта на објектот од 50.000 квадратни метри ќе почне во 2026 година. Првите гости се очекуваат да дпјдат во 2027. Хотелот ќе може да прими 440 лица, а како опции за сместување ќе се нудат луксузни вили од 500 квадратни метри и хотелски соби од 30 квадратни метри. Во хотлот ќе има ресторани, кафулиња и спортска сала, во која ноќе ќе се одржуваат концерти.

 

„Патувањето во вселената ќе биде уште една опција плус за луѓето кога ќе го планираат одморот“, велат од „Гетавеј“.

Scroll to Top