Првиот произведен електричен „хамер“ продаден за 2,5 милиона долари

Аукциската куќа „Берет-Џексон“ го продаде на аукција првиот целосно електричен „хамер“ за 2,5 милиона долари.

Овој автомобил е од првата серија електрични автомобили на „Хамер“, има три мотори и 1.000 коњски сили, а крева брзина од 0 до 100 километри на час за три секунди. Автомобилот има и блиндирана долна страна опремена со камери, систем за управување на сите четири тркала, crab walk-функција, адаптивна воздушна суспензија и 350 kW капацитет на полнење.

Scroll to Top