Првиот ретрограден Меркур годинава среќен за три хороскопски знаци

Првиот ретрограден Меркур оваа година почнува на 16 февруари и ќе трае до 9 март. Но, овој период нема да биде тежок за сите. Луѓето родени во знакот на рак, скорпија и риби ќе доживеат среќа во следните три недели, велат астролозите.

Рак

Дали трошевте време на работи кои не се важни? Дали вашиот лош став бил препрека на патот кон среќата? Играте на сигурно и не преземате никаков ризик? Време е да се ослободите од тие работи кои ве спречуваат да го живеете животот со полни гради. Можеби е време да почнете да верувате дека животот има многу повеќе да понуди од она што моментално го добивате. Опкружени сте со добри прилики кои само треба да ги зграбите. Не го трошете времето и почнете да живеете во вистинска смисла на зборот.

Скорпија

Време е да ја вратите својата креативна искра. Ако во последно време се чувствувате неинспирирано, сега е вистински момент да ја разбудите вашата фантазија и романтична страна. Што ви го исполнува срцето? Што сте сакале да правите како мали? Што секогаш успева да ве воодушеви? Сетете се на тие работи и вратете им се и ќе видите како во вас ќе се пробуди одамна заспаната уметничка креативност.

Риби

Со оглед дека ретроградниот Меркур во вашиот знак ќе биде во следните три недели, тоа ќе биде многу важен период за вас. Меркур ќе ви помогне повторно да откриете кои сте вие всушност и подобро да се запознаете и да се разберете себеси. Ова е вистинско време да ја вратите самодовербата, да ја откриете вашата сила и сето она што ве прави единствени. Запомнете дека никој го нема она што вие го поседувате.

Scroll to Top